95
Во емисија на „РАИ“, Ибрахимовиќ зборуваше за многу работи, а една од нив беше и за неговиот однос со Галијани.
„Го сакам Галијани. Имам специјален однос со него. Не бев среќен во последниот месец во Барселона и тој ме купи во Милан каде се вратив со насмевка. Го викав шефе“, вели Ибрахимовиќ.
„На крајот од сезоната 2011-12 имавме состанок и му реков да не ми се јавува цело лето, бидејќи ако ми се јавеше ќе знаев дека тоа е за да ме прати во друг клуб“.
„Се се одвиваше добро до два дена пред почетокот на подготовките. Галијани ми се јави и си помислив дека сака да праша само како сум, но тој ме прати во ПСЖ. Добро ми беше во Париз, но тогаш со месеци не му зборував“.