92
Постојат најави
во Италија дека искусниот напаѓач Златан Ибрахимовиќ би можел да се врати во
Милан, а фудбалерот на Лос Анџелес Галакси не е изненаден од тој интерес,
бидејќи верува дека секој клуб во светот посакува да го има во своите редови.
„Секогаш постојат
шпекулации, целиот свет ме посакува, се’ е во ред“ изјави тој за TMZ Sports.
Ибрахимовиќ во
дресот на американскиот клуб постигна 20 погодоци а притоа реализираше и 9
асистенции во 24 натпревари во неговата прва сезона од МЛС лигата, неговиот
договор со клубот истекува во јуни 2020. година.