153
Швеѓанецот само
го сруши Сент Етјен во првиот натпревар и со хет-трик го однесе Манчестер
јунајтед на чекор до осминафинале во Лига Европа.
Златан
Ибрахимовиќ обожава да игра против „Зелените“, има постигнато 17 погодоци пртив
нив, па Ромен Амума не крие дека не сака да игра против напаѓачот.
„Добра вест е тоа
што Златан нема да игра, така? Ќе игра? Да? Сра*е!” – рече фудбалерот на Сент Етјен на
денешната прес конференција.
„Што друго да
кажам? Колку погодоци има против нас? 17, така? Што саката да кажам!?”
„Тој е одличен
фудбалер, дава голови, нема магичен рецепт како да го сопреме”.