И Реал Мадрид тргна по потписот на најбараниот напаѓач во Премиерлигата, нуди една ѕвезда во замена

by bojan
1 минути читање
Дуран

Реал Мадрид се приклучил во трката за Џон Дуран од Астон Вила, „кралевите“ се подготвени да го испратат Ендрик на позајмица со цел да стигнат до потписот на напаѓачот.

Џон Дуран е еден од најбараните напаѓачи во Премиерлигата, голем број на клубови се обидоа да го ангажираат во зимскиот преоден рок, а слична е ситуацијата и сега.

Вест Хем оваа недела понуди, за нив рекордни, 57 милиони фунти, но Астон Вила одби да го продаде Колумбиецот.

Се говори дека ПСЖ во следните денови ќе изврши силен притисок и на маса ќе стави 70+ милиони евра, а се нјавува и богата понуда од Ал Наср, кој сака да го спои Џон Дуран со Кристијано Роналдо.

Како што сега пренесува Фоотмеркато, во трката за потписот на Џон Дуран се приклучил и Реал Мадрид.

„Кралевите“ се подготвени како дел од зделката да ја испратат младата ѕвезда Ендрик на позајмица на „Вила Парк“.

Останува да се види каква ќе биде иднината на Џон Дуран, кој неодамна стави потпис на нов договор со трајност до 2030 година, па Астон Вила има силна позиција во преговорите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани