И по 20 години Солскјер му даде гол на Баерн, Бекам го седна противникот на земја и ја крена публиката на нозе (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Пред 20 години, Манчестер
јунајтед стигна до титулата во Лигата на шампионите и покрај тоа што губеше со
1-0 од Баерн по истекот на регуларните 90 минути. Со два гола во судиското
надополнување, „ѓаволите“ направија неверојатен кам-бек кој ќе се раскажува
уште долги години.

За одбележување
на овој натпревар, денеска на Олд Трафорд, легендите на двата клуба одиграа
хуманитарен натпревар.

Манчестер
јунајтед славеше со убедливи 5-0, а Солскјер повторно ја затресе мрежата на „Баварците“
и го отвори резултатот.

Потоа следуваа
голови на Јорк, Бат и Саха а точка на натпреварот стави Бекам, кој најпрво го
седна противникот на земја со својот дрибилинг и потоа рутински реализираше и
ја крена публиката на нозе.

Сер Алекс Фергусон седеше на клупата, заедно со неговиот поранешен помошник Стив Мекларен а пота им се придружи и Оле Гунар Солскјер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани