Порто синоќа приреди изненадување откако го елиминираше Јувентус во Лигата на шампионите. Гостите со играч помалку обезбедија резултат кој значеше четвртфинале.
Клучниот гол падна во второто судиско продолжение, Оливеира постигна гол од слободен удар кој оди на душа на живиот ѕид.
Могумина прстот го вперија во Кристијано Роналдо, кој скокна и се сврте со грб. Фабио Капело рече дека оваа е неприфатлива грешка и објасни дека во негово време за во живиот ѕид се одбирале играчи кои не се плашат да примат удар од топката.
„И ние ги избираме играчите во живиот ѕид“ – вели Андреа Пирло.
„Никогаш претходно не ни се случило да го свртат грбот. Можеби сметаа дека слободниот удар е многу далеку и нема опасност“.
„Погрешија, играчите мислеа дека нема опасност и примивме гол“.