66
Одамна се зборува за иднината на Масимо Алегри во Јувентус, таа повторно стана тема по поразот од 2-0 од Атлетико Мадрид. Галеоне кој го имаше Алегри како помошник во Пескара и Удинезе, зборува за иднината на Макс.
„Пред неколу години веќе му кажав да оди во Премиерлигата“, вели 78-годишниот Галеоне.
„Мислам дека во Италија нема каде веќе да оди. Без разлика што ќе направи во Лигата на шампионите, мислам дека неговата авантура во Јувентус е завршена“.
„Минатата година тој можеше да оди во Челси, Арсенал, Манчестер јунајтед или Реал Мадрид, но ги одби бидејќи сакаше да ја освои Лигата на шампионите со Јувентус“.