Холандија го прекина првенството, нема да има шампион

by
1 минути читање

Фудбалската федерација на Холандија во консултација со клубовите преку видео конференција одлучи да ја поништи сезоната.

Ајакс кој беше лидер на табелата нема да биде шампион, идната сезона ќе почне со истите екипи кои во оваа се натпреваруваа во лигата. Нема да има испаѓање, ниту влегување на нови екипи.

Првичниот план на Холанѓаните беше првенството да продолжи на 19 јуни. Но откако власта во таа земја ги продолжи мерките за уште три месеци, тоа стана невозможно.

На девет кола до крајот Ајакс беше прв, но само поради подобрата гол разлика од АЗ Алкмар, двата тима имаа по 56 бодови.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани