Хет-трик на Гамеиро за пет минути! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

По мирното прво полувреме на дуелот помеѓу Хихон и Атлетико Мадрид, во вториот гол дожд од голови и многу возбудувања.

На Атлетико му беа потребни само три-четири додавања во 10 секунди од вториот дел за да дојдат до водство, Караско погоди за 0-0. Но три минути подоцна Алварез го изедначи резултатот.

До 80. минута беше 1-1, домаќинот во голем дел од мечот беше и подобар противник, но Гамеиро кој влезе во вториот дел ја започна својата неверојатна серија.

Напаѓачот постигна три гола во рок од 80. до 85. минути и му донесе победа на Атлетико Мадрид од 4-1.

Ова е вториот најбрз хет-трик во историјата на Примера, на врвот на листата е Давид Виља со неколку секунди подобро време од Гамеиро.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани