Хет-трик на Баже Илијоски за 16 минути!

by
0 минути читање

По првото полувреме Шкупи има водство од 3-1 против Академија Пандев, а најзаслужен за тоа е напаѓачот Баже Илијоски.

Тој го отвори мечот во седмата минута, десет минути подоцна зголеми на 2-0, а хет-трик комплетираше во 23. минута. До крајот на полувремето Академија Пандев преку Стоилов успеа да го намали резултатот на 3-1.

Доколку Шкупи ги освои трите бода ќе ја помине Академија Пандев на табелата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани