Џордан Хендерсон ги
демантираше шпекулациите низ одредени медиуми дека имало тепачка на тренинг на
Ливерпул во која учествувале Алисон и Робертсон, сево ова доаѓа во еден
исклучително тежок период за „Редсите“ кои се вон својата посакувана форма.
Особено низ тежок
период минува голманот Алисон кој им „подари“ победи на Манчестер Сити и
Лестер, а не е ништо подобар ниту Робертсон кој секако е далеку од тоа што го
прикажа во ланската сезона.
„Јас лично сметам
дека немам ни потреба да коментирам на вакви шпекулации, некој си седи зад
тастатурата и пишува шпекулации околу тренерите и фудбалерите, за тоа што
наводно се случува во соблекувалната, навистина не чувствувам потреба да
коментирам на сево ова“ рече капитенот Хендерсон на денешната пресконференција
во пресрет на мечот со Лајпциг, а на истата застана и во одбрана на Тијаго
Алкантара за кого многумина сметаат дека тешко се адаптира, но и демантираше дека имало тепачка помеѓу Робертсон и Алисон.
„Тие шпекулации
не се точни, иако за момент низ шега ми се допадна таа шпекулација каде наводно
Робертсон и Алисон се степале, се насмеавме во тимот на сево ова, но истото не
влијаеше нешто посебно во нашиот тим“ додаде тој.
„Тијаго е
фантастичен од моментот кога дојде, сите знаеме за каков фудбалер станува збор,
одличен е на теренот, но и вон него станува збор за една прекрасна особа, тој
ја води играта мошне едноставно, а можете многу да научите од него“ заклучи
Хендерсон.