21-годишнииот фудбалер не го заборава својот поранешен клуб, а со оглед на формата во која игра во Челси, можеби го фаќа и носталгија по Баер Леверкузен и Бундеслигата.
Тој како подарок за Божиќ им испратил на своите поранешни играчи, на стручниот штаб и сите вработени во клубот, персонализирани дресови од Челси.
Им испратил и кутија со логото на Челси и неговите иницијали „КХ“, во која имало картички со кои им се заблагодарува за поддршката во периодот додека играл за Леверкузен.
„Бев многу среќен поради тоа и му се заблагодарив. Тоа е Каи, тој е и ќе остане момче на нашиот клуб. Тоа го покажува карактерот на Каи. Едноставно, стил и класа“, изјави спортскиот директор на Леверкузен, Руди Волер.