Хасани: Наше е да ги исполниме задачите на селекторот и да бидеме офанзивни

by
2 минути читање

Македонија во петок гостува кај Италија во
претпоследното, деветто коло од квалификациската група „Г“ за пласман на СП
Русија 2018.

Нашата најдобра фудбалска репрезентација нема никакви
шанси за некаков исчекор до врвот во својата група, па преостанатите два
натпревари ќе ги одигра за својата чест, а секако и за што е можно подобар
рејтинг на ФИФА.

Репрезентативецот Ферхан Хасани најавува дека Македонија
ја чека тежок меч, упати пофалби за квалитетот кој го поседува Италија како
селекција, и додаде дека како селекција ќе се обидат да ги исполнат задачите од
страна на селекторот Игор Ангеловски.

Не
чека тежок натпревар, но нема предавање. Италија е една од најквалитетните
селекции во светот, но веќе покажавме дека можеме да се надигруваме и против
најсилните. Ќе се обидеме да одиграме добар натпревар, не мислам дека
италијанците се под притисок за директен пласман на СП, наше е да ги исполниме
задачите на селекторот и да бидеме офанзивни. Италија има неколку промени во
составот, но тие се голема селекција, независно дали ќе игра Белоти или некој
друг
“ изјави популарниот „Буба“.

По гостувањето во Торино, наредниот понеделник овој
квалификациски циклус го завршуваме со пресметката со аутсајдерот Лихтенштајн.

 

Извор: ffm.mk

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани