175
Синоќа се појавија гласини дека Даниел Леви може да го продаде Хари Кејн на Манчестер јунајтед за 200 милиони фунти, пари со кои би ги ублажил штетите од коронавирусот.
Кејн нема да биде продаден на Манчестер јунајтед, ниту на било кој друг англиски клуб, пишува „Скај Спортс“.
Тој е клучниот фудбалер на Жозе Мурињо и Португалецот би бил многу разочаран ако Кејн замине од тимот.
Постои шанса за негово заминување надвор од Англија, но таа е мала.