Хамшик: Мечот со Црвена звезда ќе биде одлучувачки

by
1 минути читање

Доста неизвесно е
во групата „Ц“ од Лигата на шампионите по четири одиграни кола, Црвена звезда
го шокираше европскиот вицепрвак Ливерпул, совладувајќи го со 2-0 пред своја
публика во Белград, а ремито помеѓу ПСЖ и Наполи од 2-2 понуди интересна
завршница во оваа конкуренција.

Во петтото,
претпоследно коло се среќаваат ПСЖ – Ливерпул, односно Наполи – Црвена звезда,
а токму дуелот против српскиот првак, според членот на италијанскиот првак,
Марек Хамшик е одлучувачки.

Се уште се
е отворено, само два бода разлика
има во однос на лидерот и последната екипа на табелата, наредниот меч на
домашен терен против Црвена звезда ќе биде одлучувачки
“ вели Словакот.

Наполи и Ливерпул
се први во оваа група со по шест освоени бода, следи ПСЖ со пет, односно Црвена
звезда со четири бода. Во последното коло двојките се Ливерпул – Наполи,
односно Црвена звезда – ПСЖ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани