Хамес: Веќе никој не ме сака во Реал Мадрид

by
1 минути читање

Хамес Родригез
верува дека Реал Мадрид не би бил заинтересиран да го врати назад во иднина,
откако тој не беше во плановите на Зинедин Зидан, по што следеше негов трансфер
во Евертон ланското лето.

29 годишниот
Колумбиец сега повторно соработува со Карло Анчелоти, а се чини дека и сосема
добро се адаптираше во Премиерлигата, но, во однос на можното враќање во Реал
Мадрид, тој верува дека нема шанси да се оствари такво сценарио.

Веќе никој не ме сака
таму
“ му одговори Хамес на еден навивач кој побара од него да се врати
во шпанската престолнина.

Хамес беше и на
позајмица во Баерн Минхен во 2017 година, пред да се врати во Реал Мадрид две
години подоцна, меѓутоа стана и повеќе од јасно дека за него нема место во
идеите и плановите на Зидан.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани