Норвешка вчера во четвртфиналето на Светското првенство загуби од Англија со 2:1 и го заврши настапот на турнирот. Норвежаните поведоа во 36. минута со голот на Шјелдеруп, но Англија направи пресврт со двата гола Џуд Белингем кој прво израмни во 45. минута, а потоа повторно се запиша во листата на стрелци во 93. минута.
Натпреварот ќе остане запаметен по одредени судиски одлуки. Голема бура се крена по погодокот на Белингем за 1:1, бидејќи акцијата според многумина започна откако топката удри во кабелот што ја држи камерата над теренот. Судиите не реагираа на оваа ситуација, но затоа го поништија голот на Норвешка во 55. минута поради прекршок на ЕХаланд, пред Хегем да ја затресе мрежата.
Што повеќе да кажам… Доколку некои одлуки одеа во наша корист, можеби работите ќе беа поинакви. Но, на ова ниво малите детали го решаваат победникот, а јас тоа најдобро го знам од Манчестер сити – изјави Халанд по натпреварот.
Напаѓачот на Норвешка додаде:
„Подобрите екипи, а Англија сигурно е таква со оглед на играчите и квалитетот што го поседува, вообичаено ги добиваат ваквите одлуки на своја страна. Така е и во Сити, често одат во моја корист. Сепак, горд сум на тимот и на сè што направивме овде. Сега одам на одмор!“, искрен беше Норвежанецот.