Халанд руши рекорди на Меси и Роналдо

by
1 минути читање

Меси и Роналдо владеат во фудбалот во изминатата декада. Единствено Модриќ успеа да освои Златна Топка покрај нив. Но константноста на Аргентинецот и Португалецот е повеќе од импресивна.

Сепак, кога се головите во прашање, светот добива ново момче, Ерлинг Халанд има неверојатен старт на кариерата.

19-годишниот Халанд во професионалната кариера досега постигнал 62 гола, до таа бројка стигнал од 106 натпревари.

Пример на Меси му биле потребни 132 натпревари за да дојде до бројка од 62 гола, а на Роналдо 233 натпревари. Но мора да се земе во предвид дека Роналдо на почетокот на кариерата не беше напаѓач туку играше во средниот ред.

Халанд е мета на Реал Мадрид и многу лесно може да се случи тој уште од идната сезона да го облече белиот дрес на кралскиот клуб.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×