Репрезентацијата на Хаити во одлично расположение ќе го дочека стартот на Светското првенство, откако во пријателски натпревар убедливо славеше над Нов Зеланд со 4-0.
Провиденс го отвори резултатот по асистенција на Исидор, а прашањето околу победникот беше решено во продолжението. Џокер од клупата се покажа Пиеро, кој беше асистент при голот на Џозеф, а потоа и самиот ја затресе противничката мрежа.
Во самиот финиш Лакроа ја заокружи убедливата победа и го постави конечниот резултат.
На Светското првенство селекцијата на Хаити ќе игра со Бразил, Мароко и Шкотска, додека Нов Зеланд ќе биде во група со Белгија, Египет и Иран.