„Каталонците“ со
4-0 загубија на гостувањето кај ПСЖ во првиот натпревар од осминафиналето во
Лигата на Шампионите и се наоѓаат пред невозможна мисија за прогрес во следната
рунда.
Ниту еден тим не
се вратил од овој резултат, но Пеп Гвардиола вели дека Барса може да направи
чудо.
„Изненаден сум од
она што им се случи во Париз” – вели Шпанецот. „Но во денешниот фудбал секому може да му се случи
тоа. Ми се има случено и мене, противниците се силни”.
„Но доколку има
тим кој е способен да се врати, тоа е Барселона. Тие се уште се најдобриот тим во светот”.
„Барса доминира
во фудбалот 10 години, го знам Луис Енрике и добар дел од играчите, па мојот
совет е да не ги критикувате премногу бидејќи се способни да направат чудо и да
покажат дека грешите”.