„Телеграф“ пишува
дека англискиот првак Манчестер Сити почнал да ги идентификува потенцијалните
засилувања во дефанзивниот ред, и покрај тоа што шефот на стручниот штаб на „Граѓаните“,
Пеп Гвардиола тврдеше дека не посакува одредени засилувања во јануари.
Гвардиола
инсистираше на тоа дека е подготвен да смета на фудбалерите со кои располага во
моментов, а додаде дека оние за кои англискиот шампион пријавува интерес не се
достапни за трансфер во јануарскиот преоден рок.
Сепак, тоа не го
сопре Манчестер Сити да „скенира“ неколку дефанзивци со кои ќе се обиде да ги
засили тие позиции во јануари, како и по крајот на актуелната сезона, на
Островот информираат дека нема да зачуди доколку идниот месец во Манчестер
пристигне големо засилување во одбраната.
Натан Аке од
Борнмут е една од желбите на Сити, токму тој е дефанзивецот со профил каков што
сакаат „Граѓаните“, меѓутоа постои опција која Челси ја има во својот договор
со Борнмут да го врати својот фудбалер за 40 милиони фунти, а на „Стемфорд Бриџ“
сериозно размислуваат истата да ја искористат откако самиот Френк Лампард
потврди дека ќе потроши нешто од буџетот кој за трансфери ќе му изнесува околу
150 милиони фунти.
Од Манчестер Сити
под сериозни околности ја следат и систуацијата околу По Торес од Виљареал,
како и Рубен Диаз од Бенфика, кои обајцата имаат по 22 години и се наведуваат
како едни од најдобрите дефанзивци во фудбалска Европа.
Шпекулациите
велат дека еден од најпосакуваните дефанзивци во Европа, членот на Наполи,
Калидули Кулибали посакува да си замине од редовите на италијанскиот вицепрвак,
меѓутоа за него интерес постои и од градскиот ривал на Сити, Манчестер
јунајтед.
Како и да е, составот
на Гвардиола значително ќе биде поквалитетен во дефанзивниот ред по враќањето
на столбот во одбраната, Ејмерик Лапорт во новата година, иако барем засега
детално не е познато кога Французинот ќе се врати.
Самиот Лапорт
тврдеше дека би се вратил за два месеци, а тој отсуствува од терените дури од
август, поради операција по здобиената повреда.
Дека повредата на
Лапорт остави голем проблем во одбраната на Сити доволно говори статистичкиот
податок кој вели дека „Граѓаните“ забележаа само еден меч без примен гол во
сопствената мрежа, и тоа против Арсенал во нивните последни 13 натпревари во
сите конкуренции.
Man City scouts identify defensive reinforcementshttps://t.co/DfZ0KMgq2n
— Telegraph Football (@TeleFootball) December 25, 2019