Гвардиола: Судијата можеби не го виде ова, но ВАР? (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Шефот на
стручниот штаб на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола побара од Премиерлигата да
понуди јасни објаснувања за користењето на ВАР технологијата по новата
катастрофа од оваа гледна точка што се случи синоќа.

Манчестер Сити ја
оправда фаворитската улога во пресметката со Саутемптон на домашен терен и
славеше со 5-2, меѓутоа при 1-1 домаќинот не доби удар од белата точката откако
Фоден беше соборен во казнениот простор од МекКартни, а беше и повеќе од јасно
дека гостинскиот голман имаше директен контакт со противникот, што потврдија и
снимките, па на Гвардиола не му беше јасно како е можно ова да се случува при
ВАР технологија.

О, господе…
ВАР технологијава, господе… Пеналот беше неверојатен, акцијата, јас навистина
повеќе не го разбирам сево ова
“ рече Гвардиола.

Можеби од
Премиерлигата еден ден ќе мораат да ни објаснат подетално што се случува,
судиите се професионалци, тие треба да си ја работат својата работа
“ додаде
тој, а се надоврза и на недосудениот пенал за Арсенал кај Барнли (1-1), како и
ситуацијата која на Фулам му беше одземен гол, а со тоа Тотнем дојде до
минимална победа.

Не можам да
поверувам како можеше тоа да му се случи на Арсенал против Барнли, тоа играње
со рака, па дури и Фулам против Тотнем, објаснете го, ова е неверојатно, сакам
фудбалот да биде почист, да се носат вистински одлуки,  вечерва Џон Мос не можеше да види прекршок,
тоа може да се случи, но ВАР? Треба да ги запрашате вистинските луѓе зошто ни
се случува сево ова
“ наведе Гвардиола.

Џејмс Мадисон,
репрезентативецот на Англија и член на Лестер, застана во одбрана на својот
соиграч од составот на „Гордиот Албион“, тврдејќи дека бил „казнет“ поради тоа
што се обидел да остане на нозе и да погоди, што воедно таквиот обид го
направил Гвардиола горд на него.

Тоа што Фоден го
стори искрено ме направи горд на него, таа искреност и чесност од негова
страна, доколку загубевме со 5-2 тогаш немаше да дадам коментар, но победивме,
па си земам за право да коментирам, спротивно би било како барање изговори

заклучи предводникот на „Граѓаните“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани