Гвардиола се споменува како долгорочно решение за Аргентина

by
1 минути читање

Светското
првенство во Русија донесе нов неуспех и разочарување за големите љубители на
фудбалот во Аргентина, кои ги има во огромен број, повторно на удар се најде
првата ѕвезда на тимот Лионел Меси, а воедно и неговите соиграчи.

Јасно е дека
Сампаоли е на излезна врата од репрезентацијата, а како негов можен наследник
се споменува Пеп Гвардиола, колку е тоа возможно да се оствари е под знак
прашалник, претходно Марадона изјави дека би ја предводел таа репрезентација
повторно, но овој пат и бесплатно доколку е потребно.

Медиумите во
Аргентина наведуваат дека Гвардиола би бил долгорочно решение за Гаучосите, се
шпекулира дека шпанскиот стратег би можел да добие до 12 милиони долари годишна
плата и договор со времетраење до 2022. година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани