195
Манчестер Сити не победи некој голем противник, го совлада Њукасл, но на Пеп му се допадна како одиграа неговите фудбалери, позиционирањето и начинот на кој функционираа.
„Ова беше нашиот најдобар перформанс оваа сезона. Нашиот фудбал треба да се игра во еден ритам“, вели Пеп.
„За да го правиме тоа сите треба да бидат на своите позиции и да ја вршат својата работа, денеска беше пример за тоа. Не е лесно да се игра против тим кој се брани со сите играчи позади топката, но момците одиграа многу добро. Задоволен сум од начинот на кој игравме“.