Според многумина
Пеп Гвардиола е најдобриот тренер на денешницата, но предводникот на
„Граѓаните“ има свое мислење на оваа тема.
Шпанецот верува
дека овој епитет му припаѓа на Марсело Биелса.
„Според мене,
најдобар тренер во светот е Биелса” – вели Пеп Гвардиола.
„Го ценам многу бидејќи
секој играч кој бил под негово водство успеал да забележи напредок. Не сум
сретнал ниту еден играч кој има лош збор за него”.
„Тој ми има
помогнато многу, ми давал добри совети секогаш кога сум разговарал со него”.
„Кога зборуваме
за тренерите, често се фокусираме на успехот и трофеите кои ги освоиле (Биелса
нема освоено ништо во Европа), но многу поважно е влијанието кое тие го
имаат…”.
„Среќен сум што
тој следната сезона одново ќе се врати на клупата”.
Популарниот „Ел
Локо“ неодамна беше потврден како нов тренер на Лил.