247
Барселона ќе
добие нов претседател откако Жозеп Мариа Бартомеу и неговиот борд на директори
си поднесоа оставка по собраните потписи за недоверба.
Виктор Фонт, кој
е главен кандидат, оваа недела истакна дека легендите на клубот треба да се
вратат на Камп Ноу и меѓу имињата кои ги наброја го вметна и Пеп Гвардиола.
Па тренерот на
Манчестер Сити беше запрашан на оваа тема на денешната прес конференција.
„Многу сум среќен
во Манчестер, се надевам дека ќе имам добра сезона и ќе останам тука долги
години“ – одговори Пеп Гвардиола.
Шпанецот ја
одработува последната година од договорот со Манчестер Сити и во моментов нема
конкретни преговори за продолжување на соработката.