На средината од
оваа седмица се одиграа натпреварите од 34 коло во Серија Б, а водечката Бреша
со победата над Асколи од 1-0 на домашен терен го потврди враќањето во Серија
А, честитки за таа екипа пристигнаа и од Пеп Гвардиола.
Гвардиола играше
година ипол во дресот на таа италијанска екипа, бележејќи 24 настапи, а притоа
постигнувајќи и 3 погодоци, тој не ја заборави екипата за која играше краток
период по Барселона, а на социјалните мрежи упати и честитки.
„Големи честитки
за заслуженото враќање во Серија А! Многу сум среќен за сите од вас, Бреша,
еден неверојатен клуб, но исто и град!“ напиша шефот на стручниот штаб на
англискиот првак кој е на добар пат да ја одбрани титулата во Премиерлигата
сезонава.
data-lang="en">Tanti auguri per il meritato ritorno in @SerieA!
Sono molto contento per tutti voi, specialmente per @edoardo_piovani.
Brescia, una squadra e una cittá indimenticabili! https://t.co/g91X2CbSwd—
PepTeam (@PepTeam) May
4, 2019