Гвардиола: Мислев дека рано ќе се пензионирам, но…

by
1 минути читање

Гвардиола во ноември потпиша нов договор со Манчестер Сити според кој во англискиот клуб ќе биде до 2023 година.

„Претходно мислев дека рано ќе се пензионирам. Сега мислам дека постар ќе завршам со работа. Па не би знаел да кажам кога ќе биде тоа“, вели Пеп Гвардиола.

Манчестер Сити денеска му гостува на Челси во дерби пресметка од Премиерлигата.

„Во Премиерлигата секој натпревар е тежок и подобро е да сте смирен. Ова е вистинската Премиерлига, луѓето и претходно зборуваа кога дојдов тука, велеа дека секој може да загуби од секого. Но тоа не го гледав до оваа сезона“.

„Сега е првпат како го гледам тоа во Премиерлигата. Резултатите се непредвидливи, се може да се случи“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×