Шпанецот оваа сезона игра во одлична форма, со 8 погодоци и 11 асистенции е еден од подобрите поединци во тимот на РБ Лајпциг.
Тој се пресели во редовите на „биковите“ минатата сезона, најпрво пристигна на позајмица од Манчестер Сити, за пред десетина дена РБ Лајпциг целосно да го купи неговиот договор.
Анхелињо сега проговори за престојот на Етихад, вели дка не добил права шанса за докажување и не ја памети по добро соработката со Пеп Гвардиола.
„Пеп ме уби мене и мојата самодоверба. Откако се вратив во Сити по сезоната помината во ПСВ, тој веќе имаше креирано мислење по само две пријателски натпревари и не ми укажа права шанса“ – вели 24 годишниот Шпанец.
„Па среќен сум што се преселив во Лајпциг и што станав важен дел од овој тим“.
Запрашан да направи споредба помеѓу Пеп Гвардиола и Јулијан Нагелсман, тој вели: „Едниот не ме пушташе да играм, другиот реши да ми укаже доверба и прилика да играм. Во Лајпциг, од првиот ден чувствував дека веруваат во мене. Клубот и тренерот ми дадоа ветер во грб“.