Медиумите од „островото“ пренесуваат дека Манчестер Сити сака да донесе шест засилувања во следните два преодни рока со цeл да се излезе од кризата но и да се подмлади составот.
„Граѓаните“ доминираа во Премиерлигата изминативе четири години, но оваа сезона работите не одат според планот. Манчестер Сити се мачи со формата во моментов и на последните 10 натпревари има само една победа и дури 7 порази.
Како што пренесува Телеграф, за излез од кризата, но и подмладување на составот, раководството на клубот сака да донесе шест засилувања во следните два преодни рока.
Слична сторија има и Тајмс, кој исто така објави дека „граѓаните“ ќе го одврзат ќесето за да можат да им парираат ривалите.
Тајмс исто така додава дека Манчестер Сити сака веќе во јануари да донесе звучно име и да реализира трансфер бомба со ангажман на фудбалер како Флоријан Вирц од Баер Леверкузен, или Бруно Гимараеш од Њукасл.