Утревечер
Манчестер Сити на домашен терен го пречекува составот на Борусија Дортмунд во
првата меѓусебна пресметка помеѓу овие две екипи во четвртфиналето од Лигата на
шампионите.
Шефот на
стручниот штаб на англискиот тим, Пеп Гвардиола на пресконференцијата во
пресрет на мечот говореше и за главната опасност од каде ќе доаѓа по голот на „Граѓаните“,
Ерлинг Халанд, кој на 33 натпревари во Бундеслигата сезонава успеа да постигна
32 погодоци.
„Тој е
фантастичен сите го знаат тоа, слеп да е човек па ќе препознае дека е
фантастичен, не е потребно да сте тренер за тоа да го препознаете“ рече
Гвардиола кој притоа и беше запрашан како би се сопрела норвешката гол-машина.
„Напаѓачите кои
се доста умешни во постигнувањето на погодоци тие ќе продолжат со таквата
пракса кога се во опасната зона на противникот, само во моментите кога се вон
опасната зона, само тогаш противникот има шанси да се одбрани“ додаде тој алудирајќи
на фактот дека потребно е Халанд да биде вон казнениот простор на Манчестер
Сити.
„Не се работи
само за Халанд, истото би го кажал и за Варди, Салах, Жесус, Агуеро… сите
напаѓачи во светот сакаат да бидат што е можно повеќе во тој простор од играта,
така најдоброто за екипите е да се избегне овие напаѓачи да бидат во тој
простор“ заклучи Гвардиола.