Илкај Гундоган
игра во животна форма, а Пеп Гвардиола и претходно наведе дека тој може да се
снајде како лажна деветка на натпреварите, што воедно и се оствари, па следеше
фантастичен учинок од 11 погодоци и две асистенции за фудбалерот од средниот
ред сезонава.
Откако постигна
два гола и една асистенција во победата од 3-0 над Тотнем на домашен терен,
Гундоган поради повреда го пропушти гостувањето кај Евертон каде „Граѓаните“
славеа со 1-3, а Гвардиола посочи дека не станувало збор за посериозна повреда,
но немало потреба од ризик, тој сепак ќе биде на располагање за претстојните
натпревари.
„Тој е многу,
многу подобар, не беше некоја сериозна повреда во прашање, меѓутоа не сакавме
да ризикувавме, му дадовме добар период за рехабилитација“ рече Гвардиола по
победата кај Евертон.
„Како и да е, за
дуелите со Арсенал и Борусија Менхенгладбах тој би требало да биде подготвен,
Гундо е посебен, веќе неколку пати напоменав за тоа, доколку посакувате да
освоите титули и да доаѓате до победи, тогаш дефинитивно ви се потребни сите
фудбалери на располагање“ додаде предводникот на „Граѓаните“.