Во финишот од сезоната Гризман објави дека ќе замине од Атлетико Мадрид во летниот преоден рок. Се шпекулираше дека негова следна дестинација ќе биде Барселона, но се уште не се знае дали тоа ќе биде така.
Сепак, Грзиман во интервју за „Теле Матин“, вели дека тој знае кој ќе биде неговиот клуб.
„Знам каде ќе играм следната сезона“, вели Грзизман во интервјуто и тоа беше единственото нешто што сакаше да го каже а е поврзано со неговата иднина.
Нема да помине уште многу пред и ние да дознаеме каде ќе игра Гризман, бидејќи тој мора да потпише за нов клуб до 1 јули. Откупната клаузула во неговиот договор до тој датум е 120 милиони евра, потоа се враќа на 200. Па кој и да е заинтересиран, не би бил луд да го ангажира Французинот во јули, а не во јуни.