Гризман има тежок период под водство на Куман, дали Французинот е на излезна врата од Камп Ноу?

by
1 минути читање

Гризман во последно време е во немилост на Куман и покрај тоа што фудбалерите кои му се конкуренција не импресионираат со своите настапи.

Синоќа Барселона со 1-0 победи на гостувањето кај Уеска, и покрај тоа што тимот се мачеше да постигне втор гол и да го затвори мечот, Гризман доби шанса дури како последна замена влегувајќи го игра во 81. минута на местото од Брајтвајт.

На мечот со Ваљадолид, Гризман не ни влезе во игра, а на дуелите на кои беше стартер во последно време, рано беше ваден од игра, беше меѓу првите фудбалери кои излегуваа.

Шпанските медиуми се прашуваат дали Гризман го заслужува ова, а некои од нив сметаат дека доколку работите не се променат, тој во блиска иднина може да ја напушти Барселона.

Како една од можните дестинации се споменува ПСЖ кој сега ќе има нов буџет за трансфери по доаѓањето на Маурисио Покетино на челот на тимот.

Покетино сака да креира свој тим со неколку нови играчи, а една од неговите трансфер цели може да биде и Гризман.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×