Гризман го „олади“ Јунајтед: Среќен сум во Атлетико, нема потреба да заминам

by
1 минути читање

Антоан Гирзман се
најавува како големо летно засилување за Жозе Мурињо и Манчестер јунајтед.

Наводно „Црвените
Ѓаволи“ веќе се имаат договорено со напаѓачот и по крајот на сезоната ќе ја
активираат откупната клаузула вредна 100 милиони евра.

Сепак,
Французинот одново вели дека не помислува на трансфер и инсистира дека е среќен во
Атлетико Мадрид.

„Постојано ми ги
поставуваат истите прашања, и искрено, веќе ми е преку глава
– вели Гризман во разговор со РТВЕ.

„Среќен сум тука,
времето помага многу. Соиграчите кои ги имам се најдобри, имам топ тренер
.

„Нема потреба да
замина
м
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани