Мејсон Гринвуд
открива дека Оле Гунар Солшер му давал посебни совети околу играта во нападот
додека бил во раната годишна возраст, поточно, тоа започнало уште од негови
седум години кога тренирал заедно со синот на норвешкиот фудбалски стратег, кој
добро се сеќава на тие моменти.
„Бев во тимот за
играчи до осум, како и во тимот за играчи до девет годишна возраст, тренирав со
неговиот син, јас за момент заборавив на тоа, но тој ме потсети“ открива
Гринвуд.
„Тој постојано ми
даваше совети околу движењето во казнениот простор на противниците, исто така
ме советуваше и како да шутирам, извлеков голем бенефит од него во тој период“
додаде тој, а Солшер пред извесен период говореше на оваа тема, се чини дека
меморијата добро го служи во однос на оваа тема.
„Јас навистина се
сеќавам на првиот момент кога го видов, бидејќи мојот син исто така тренираше
со него, Мејсон тогаш имаше седум години, а првиот пат кога го видов навистина
се истакна во однос на останатите, веднаш се фотографиравме заедно со мојот
син, знаев дека ќе биде одличен фудбалер, ова е навистина едно убаво сеќавање“
откри Солшер.