Напаѓачот пред две години имаше плата од 800 фунти неделно, но откако блесна по укажаната шанса од Солскјер, сега ќе заработува речиси 100 пати повеќе.
Во октомври 2019 доби нов договор и примања од 25.000 фунти, за денеска да ја продолжи верноста до 2025 за плата од 75.000 фунти неделно.
„Кога ќе му се придружите на Манчестер јунајтед на 7 годишна возраст, сонувате еден ден да играте за првиот тим. Работев напорно за да стигнам до ова ниво, и последните две години се неверојатни. Сакам да постигнам еден куп работи во фудбалот, и знам дека тука имам перфектно опкружување. Со поодршката на Солшер, неговиот тренески персонал и можноста да учам од соиграчите, бележам напредок секој ден. Имам да понудам уште многу и сакам да му се оддолжам на клубот за поддршката која ми ја даваше изминативе години“ – рече 19 годишниот Англичанец.