„Метро“ извести
дека шефот на стручниот штаб на англискиот првак Манчестер Сити, Пеп Гвардиола
на лето ќе изврши одредена реконструкција на составот со кој располага, а таа
операција ќе започне токму со 24 годишниот Џек Грилиш.
Добрите познавачи
на фудбалот на Островот секако добро им е познато името на 24 годишниот
фудбалер на Астон Вила, инаку поранешен репрезентативец на Англија за фудбалери
до 21 година.
На Островот
преовладува мислењето дека Грилиш апсолутно заслужува прилика за докажување во
сениорскиот состав на „Гордиот албион“, а тоа се чини дека е прашање само на
време кога „десетката“ на Астон Вила ќе прикаже што знае и умее под кормилото
на Герет Саутгејт.
Самиот Гвардиола јавно го пофали Грилиш,
меѓутоа тој во својата изјава додаде дека станува збор за фудбалер кој е
премногу скап за Манчестер Сити, а многумина во таа изјава се зачудија со оглед
на „раскошниот“ буџет со кој располага тимот од „Етихад“.
Како и да е,
цифри барем засега на Островот не се споменуваат, меѓутоа „Метро“ додава дека
ќе следи градско дерби за потписот на Грилиш кој има договор со Астон Вила до
2023. година, помеѓу Манчестер Сити и Манчестер јунајтед.
Ќе завршиме со
еден доста интересен детал поврзан со кариерата на Грилиш, тој од категоријата
до 17, до категоријата за играчи до 21 година настапуваше за селекцијата на
Ирска, а од 2016. до 2017. година почна со настапи за репрезентацијата на
Англија за фудбалери до 21 година, каде на седум настапи постигна и два
погодоци.