Андони Ираола е на чекор до преземање на тренерската функција во Ливерпул, откако реномираниот фудбалски инсајдер Фабрицио Романо со своето препознатливо „Here we go“ објави дека е постигнат конечен договор меѓу шпанскиот стратег и раководството на клубот од „Енфилд“.
По информациите дека Арне Слот ќе се раздели со Ливерпул, Ираола веднаш се наметна како главен кандидат за негов наследник. Според најавите, официјалната потврда од англискиот гигант се очекува во текот на следните неколку дена.
Зад Ираола е успешна сезона на клупата на Борнмут. Под негово водство, тимот заврши на високото шесто место во Премиер лигата, веднаш зад Ливерпул, обезбедувајќи историски пласман во Лигата на Европа. Така, Борнмут следната сезона за првпат во својата историја ќе настапува во европско клупско натпреварување.