Единсон Кавани и официјално се раздели со Бока Јуниорс, откако двете страни постигнаа договор за спогодбен раскин на соработката. Аргентинските медиуми пренесуваат дека ова најверојатно е и крај на богатата кариера на легендарниот уругвајски напаѓач.
Кавани на „Бомбоњера“ пристигна во летото 2023 година, но по две сезони доби дозвола да си замине затоа што повеќе не е во плановите на новиот тренер Родолфо Арубарена.
Искусниот голгетер од клубот се прости со емотивна видео-порака, во која порача дека никогаш нема да зажали што го облекол дресот на Бока, бидејќи со тоа му се исполнил голем сон.
Уругваецот ја заврши етапата во аргентинскиот великан со 28 голови на 81 натпревар, а доколку навистина не се реши за нов ангажман, ќе стави точка на кариера во која настапуваше и за Палермо, Наполи, ПСЖ и Манчестер Јунајтед.