„Каталонците“ ова лето сакаат да донесат неколку нови имиња, клубот од „Камп Ноу“ стравува дека следното лето повторно ќе има проблем со регистрација на играчи, па сака сега да покрие што е можно повеќе позиции.
Барселона веќе го договори Ентони Гордон во зделка вредна околу 80 милиони евра, а се очекува во следниов период да ги испегла и трансферите на Карим Адејеми од Борусија Дортмунд, и Жоао Кансело од Ал Хилал.
Хулијан Алварез останува целт број 1, и се најавува дека по крајот на Светското првенство ќе биде испратена понуда од 130 милиони евра.
Не се исклучува можноста до крајот на летото да пристигнат уште неколку нови имиња, а зад ова се крие една причина.
Барселона стравува дека следното лето повторно ќе биде во проблеми кога се во прашање правилата за Финанссиски фер плеј, нема да ги исполнуваат условите за 1:1 (ќе се вратат на 1:2 или 1:4. Во тој случај, клубот нема да може целосно да ги реинвестира приходите од продажба на играчи или намалување на платите, туку за секои две или четири евра што ќе ги ослободи или заработи ќе може да потроши само едно евро за регистрација на нови фудбалери.
„Каталонците“ ова лето повторно работат според правилото 1:1, што значи дека секое евро што ќе го ослободи или заработи може целосно да го искористи за регистрација на нови играчи. Затоа клубот сака уште сега да го формира костурот на тимот на среден рок, а не само за сезоната 2026/27.