Голманот на Црвена звезда: Ние не сме за ова натпреварување

by
1 минути читање

По пет одиграни натпревари Црвена звезда има примено дури 19 голови, по девет од Баерн Минхен и Тотнем и еден од Олимпијакос против кој ќе игра во последното коло.

„Ништо, реално треба да се погледнеме во очи, многу е тешко да се зборува, треба да се погледнеме во очи и да видиме дека ние не сме за ова натпреварување. Да бидеме реални“, изјави голманот на Црвена звезда, Борјан.

„Да бидеме реални, недозволиво е на секој натпревар да примаме многу голови и да играме слабо. Тоа што го бара стручниот штаб од нас ние не го правиме на теренот и се од наши грешки ги примаме головите и секој натпревар го завршуваме со четири, пет примени голови“.

„Не можам да зборувам за останатите, за мене лично ова е многу тешко и жал ми е за сите луѓе кои доаѓаат да ни дадат поддршка, тие не заслужуваат вакви резултати, заслужуваат многу повеќе. Но тоа е, животот продолжува“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×