Големото засилување за Њукасл доби незгодно прашање на радио, па одговори како да е во маало (ВИДЕО)

by
2 минути читање

22 годишниот
офанзивец Алан Сент-Максимин изминатиот летен преоден рок беше доведен во
Њукасл како големо засилување, станува збор за талентиран фудбалер кој мина низ
сите помлади категории во француската национална селекција, но, се уште нема
повик кај сениорите.

Њукасл и исплати
на Ница 18 милиони евра за услугите на Сент-Максимин, меѓутоа тој во
досегашните осум настапи во Премиерлигата се уште нема запишано погодок зад
своето име, нешто што веројатно малку им пречи на фановите на Премиерлигашот.

Гостувајќи на „ББС
Радио Њукасл“, Французинот доби прашање од еден слушател во живо, а истото
гласеше
: Дали си загрижен
поради тоа што не постигнуваш погодоци?
“, на што следеше и одговор без влакна
на јазикот од страна на фудбалерот.

Не се грижам,
воопшто, се грижам за тоа дали ќе загубиме или победиме. Доколку тимот победи,
а јас не постигнам гол, среќен сум, бидејќи тоа е најважното, да се победи
натпреварот
“ рече тој и продолжи со нешто што ги изненади многумина.

Не ми е гајле
доколку победиме а јас не постигнам гол, не играм за самиот себе си, доколку не
погодам а тимот победи, среќен сум
“ додаде Французинот со вулгарни зборови
среде радио емисија во живо, по што водителот мораше да се извинува до сите
слушатели по тие зборови.

class="twitter-tweet" data-lang="en">

pic.twitter.com/BUZsgqasTk

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани