Голема трампа на повидок помеѓу Арсенал и Галатасарај, двајца играчи во замена за Осимен?!

by bojan
1 минути читање
Наполи и Галатасарај постигнале вербален договор за трансфер на Осимен

Медиумите од „островото“ пишуваат за голема трампа помеѓу Арсенал и Галатасарај, од една страна се Габриел Мартинели и Итан Нванери, а од друга е Виктор Осимен.

Галатасарај сака да го ангажира Габриел Мартинели и се шпекулира дека шампионот на Турција понудил околу 45 милиони евра.

Но „Телеграф“ вели дека ова не е единственото име во преговорите, Галатасарај се распрашува и за ангажман на Итан Нванери.

А во разговорите се отворила и можност за сензационална трампа, односно на маса се појавило и сценарио со кое Виктор Осимен ќе заврши во Арсенал.

Останува да се види дали од обична понуда за Габриел Мартинели ќе се стигне до мега размена, но само ден претходно беше објавено дека Галатасарај одбила фантастични 130 милиони од Саудиска Арабија за продажба на Виктор Осимен.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×