На градското
дерби помеѓу Евертон и Ливерпул имаше два спорни моменти, а по крајот на
натпреварот, „црвените“ испратија допис до Премиерлигата и побараа објаснување
за одлуките на ВАР, односно зошто не беше исклучен Џордан Пикфорд за опасниот
старт врз Вирџил ван Дајк, и со кој дел од телотo Садио Мане бил во офсајд при
голот на Џордан Хендерсон за 2-3.
Според пишувањата
на Дејли Мејл, ВАР не го проверил стартот на Џордан Пикфорд врз Вирџил ван
Дајк. Судијата Дејвид Кут се фокусирал на тоа дали Холанѓанецот е во офсајд, и
кога било утврдено дека е во недозволена ситуација, сметал дека тука завршува
акцијата.
Но тој ги
заборавил правилата, односно дека можел да го провери инцидентот и покрај
офсајд ситуацијата, и потоа да го извести Мајкл Оливер дека голманот на Евертон
направил старт вреден за црвен картон.
Сепак, има и
друга верзија, наводно првиот човек на судиите, Мајк Рајли разговарал со Ливерпул
и ги известил „црвените“ дека судијата во ВАР сабота го прегледал инцидентот но сметал
дека не е старт за исклучување.