Голем кикс на Арсенал, четвртото место е недостижно (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Арсенал беше огромен фаворит против Брајтон, но не успеа да го победи, ремито значеше и губење на реалните можности за топ четири.

Натпреварот почна одлично за Арсенал, домаќините поведоа уште во деветата минута со гол на Обамејанг од пенал.

Но, по 15 минути игра во вториот дел, Мареј на идентичен начин, од пенал го изедначи резултатот на 1-1. 

До крајот Арсенал имаше шанси за победа, но и Брајтон се закануваше од контра напади.

На коло до крајот Арсенал е на петтото место со 67 бодови, три помалку од четвртиот Тотнем, но и многу полоша гол разлика. Тотнем има гол разлика од +28, додека нивниот сосед од Северен Лондон +20.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани