Фудбалерот од
средниот ред се најавуваше како ново засилување за „Старата дама“, двете страни наводно си
подале рака за плата од 7 милиони евра по сезона, како и бонус за потпис на
договорот од 10 милиони евра.
Сепак, последните
информации велат дека Адриен Рабио побарал од Јувентус дополнително време да
одлучи откако добил примамлива понуда од ПСЖ за продолжување на престојот во
Париз.
Како што пренесе
СокерЛинк, а потврди и Парис Јунајтед, „светците“ сакаат да го обноват
договорот на Французинот кој истекува за некој ден, односно на 30. јуни. Тие му
нудат плата од 8 милиони евра по сезона, како и бонус за потпис на договорот од
5 милиони евра.
Играчот сега
размислува за прифаќање на овој предлог и покрај тоа што беше избркан од тимот
на стартот од годината а потоа и парично казнет. Но овие немили настани се
случија кога спортски директор беше Антеро Енрике, а сега оваа функција ја
извршува Леонардо па Адриен Рабио и ПСЖ би можеле да се помират и да ја
продолжат соработката.