Веќе шест сезони
популарниот „Супер Марио“, како што го нарекуваат нашиот Марио Ѓуровски царува
во фудбалскиот шампионат на Тајланд, а тој во интервју за српски „Курир“ смета
дека луѓето имаат погрешна перцепција за тамошниот фудбал, за ково вели се
вложува многу.
„Луѓето имаат
погрешна претстава од фудбалот во Тајланд, лигата е атрактивна, убава за око за
гледање, со многу голови, убави потези и позитивна енергија, како на стадионот,
така и вон него. Се вложуваат многу пари, Тајланд во фудбалска смисла на зборот
напредува“ вели Ѓуровски, членот на Бангкок, а претходно играше за ривалот на
истиот, Муанг Тонг.
„Муангтонг и
Бангкок се ривали како Црвена Звезда и Партизан, Бангкок јунајтед е клуб кој
постојано расте и се развива, меѓутоа морам да издвојам дека Муанг Тонг е клуб
кој остана во моето срце и тој период е најубавиот во мојата кариера. Беа
шокирани кога преминав во Бангкок, но почитта остана. Ми беше убава таа промена
по четири сезони“ додаде Македонецот.
Извор:
kurir.rs