Со месеци се
пишуваше дека Џејдон Санчо е топ трансфер цел на Манчестер јунајтед, речиси до
последен ден се пишуваше за трансфер, но перспективниот фудбалер остана во
Борусија Дортмунд.
Неколку извори од
„островото“ сега пишуваат дека „ѓаволите“ се повлекле од преговорите откако ја направиле
математиката.
Борусија Дортмунд
постави цена од 120 милиони евра, а како на ова ќе се додаде платата на
играчот, провизијата на неговиот агент и другите трошоци, се стигнало до бројка
од 250 милиони евра.
Манчестер
јунајтед сметал дека е лудост да се одвои ваква сума во време на коронавирус
криза, па ќе почекаат подобри времиња.
Ова не е прв пат „ѓаволите“
да се повлечат од зделка, во јануари одбија да го купат Ерлинг Халанд откако
вкупните трошоци за трансфер изнесуваа дури 80 милиони евра поради високите барања за провизија на Мино Рајола и таткото на играчот. Но тоа се покажа
како грешка, Норвежанецот се пресели во Дортмунд и веднаш испиша историја. Тој редовно ги тресе противничките мрежи и се чини дека само прашање на време е кога ќе направи богат трансфер во некој гигант.