Гигантите на готовс, три ѕвезди на Спортинг побараа раскин на договорите

by
1 минути читање

Кризата на Алваладе
се продлабочува откако по Руи Патрисио и Поденсе, уште тројца соиграчи на Стефан
Ристовски побараа раскин на договорите. Се работи за Вилијам Карваљо, Желсон
Мартинес и Бруно Фернандеш. Сите како основа го наведуваат инцидентот кој се
случи минатиот месец, кога педесетина ултрас навивачи влегоа во тренинг центарот и ги нападнаа фудбалерите и стручниот штаб.

Тројцата играчи
во моментов се со репрезентацијата на Португалија во Русија. Ваквите вести сигурно ќе
ги стави на готовс гигантите ширум Европа бидејќи за без пари можат да стигнат
до квалитетно засилување.

Според
специјализираниот портал Трансфермаркет, Желсон Мартинс има најголема вредност
и се проценува на околу 30 милиони евра, Вилијам Карваљо на 25 милиони евра, а Бруно Фернандеш на околу 20 милиони евра. Но
со оглед на тоа какви суми се плаќаат во последниве две години, Спортинг сигурно
ќе можеше да се избори за некој милион повеќе, но сега ќе остане со празни
раце.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани